Дензитометрија

   Центрите за болести на коски и зглобови ОСТЕО-ПРО започнуваат со работа во 1998 година. Се до 2005 година нашите центри беа единствени кои работеа со проблематиката на остеопорозата и беа единствени кои поседуваа DXA Дензитометри. Во овие 14 години тие под водство на Проф. д-р Љупчо Каревски прераснаа во предводници на борбата со остеопорозата.

    Со нашите уникатни и напредни тераписки протоколи ,кои не се користат на друго место во Македонија, со неверојатно голема успешност успеваме да им помогнеме на луѓето кои страдаат од ишијалгии, болки во зглобовите и други ортопедски болести и состојби.

   ОСТЕО-ПРО центрите се наоѓаат во Скопје, Тетово и Куманово. Сите центри се опремени со најновота опрема за дијагностика, а во нив се вработени високо сертифицирани кадри кои со нивната стручност ќе ви помогнат да ги надминете поголемиот дел од вашите ортопедски заболувања.



© ОСТЕО-ПРО 2012